Петар Печков
Објавено: четврток, 27 септември 2012
Петнаесет ученика средношколци од Станислав Сташица од градот Новогард оваа седмица престојуваат во Велес, како гости на средното машинско - техничко училиште Коле Неделковски. Како добри домаќини велешани им подготвија скара на младите полјаци а им дадоа и тие да ја печат на распалениот оган. Така за два часа, колку што траеше дружењето меѓу учениците, се испекоа и изедоа 500 ќебапчиња. Гостите презадоволни од престојот во Велес и Македонија. Виделе многу нешта кои ќе ги пренесат дома.
Ме фасцинираше тоа што го видов овде, секој ученик да има компјутер пред себе. Тоа го нема кај нас. Пота градот многу ни се допадна, архитектурата, луѓето, срдечноста. Не знам како ќе се вратиме дома, толку ни се допадна тука за така кратко време. Времето бргу ни мина – вели професорката Марта Портас од Полска.
Нејзините ученици за тоа време учеа како да ја подготвуваат скарата и го испечат месото. Ова за прв пат го видоа тука. Дома подготвувале на скара колбаси и крилца. Дружењето меѓу учениците заврши и со оро, во училишниот двор, каде се одвиваше забавата.
Многу ми се допадна овој ваш специјалитет. Многу е добар. Ќе земам рецепт да го правам и дома. Останува еден дел од нас во Велес. И тука е многу топло жешко, за разлика од кај нас – вели една од ученичките. Гостите од Полска го посетија и Скопје и Крушево. Соработката помеѓу овие две училишта е неколку годишна и тие разменуваат ученици, кои одат на посета во Велес и Новогард.
Tweet |