Петар Печков
Објавено: сабота, 10 септември 2011
Претставата е работена според текстот на Џефри Хачер, во режија на Лилјана Тодоровиќ, и во неа настапуваат Селма Алиспахиќ и македонскиот актер Мето Јовановски.
“Еден Пикасо” е претстава која за позицијата на уметникот во Втората Светска војна, во борбата за зачувување на своето човечко достоинство и правото на слободно креативно делување. Пикасо, голем уметник, живеејќи во Париз, својата борба против фашизмот ја спроведува со четка, сликајќи ги воените ужаси и за време на Шпанската граѓанска војна, па не е чудно што бил омразен и кај Германците.
Во средбата со нацистичката детективка Фишер се открива кој е всушност тој голем сликар, во чии дела доминираат чувствата на страдање и ужас, како предупредување за секое зло. Пикасо во средбата со жената, неговата вечна инспирација, се преобразува во човек кој сочувствува и се идентификува со жртвите на фашистичкиот терор, но заедно со неа пронаоѓа начин оваа средба да ја претрвори во момент на слобода и созадавње.
Партнерската игра на актерите Мето Јовановски и Селма Алиспахиќ уверливо и вдахновено го брани уметничкиот и човечкиот интегритет од секое ропство и фашизам.
Tweet |