речник контакт

Готова е техничката документација за секундарна гасификациска мрежа во Велес, но кога ќе почне да се гради

Градоначалникот Коцевски ја демантира информацијата на министерот Бочварски дека само Штип и Крива Паланка имаат готови решенија за техничка документација

Петар Печков

Не  е точна информацијата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, дека само Крива Паланка и Штип, имаат изготвено  решение за секундарна гасна мрежа. Ова го кажа градоначалникот Аце Коцевски, на поставеното прашање, каков е ефектот за работата на сега веќе згаснатото ЈП Велес гас. При неговото формирање беше потенцирано дека негова цел е токму тоа, подготовка  на идејно, проектно  решение за секундарна мрежа.

„Велес е меѓу првите градови кои имаат комплетна техничка документација за  секундарна гасификациска  мрежа . Но малку фајде од тоа, кога главната гасоводна линија  од Штип до Свети Николе, допрва се проектира. Треба да се експроприра, па да се гради и изгради“ - кажа градоначалникот Коцевски.   

„Во моментов за секундарната гасификација се подготвени две општини Штип и Крива Паланка, кои ја имаат документацијата, а повеќе општини работат и ја очекуваат“ - изјави  на почетокот од годинава министерот Бочварски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »