Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 февруари 2024
Постапката за вадење на нови лични документи е во терминот од 8 до 11ч и од 14 до 19ч. Во терминот од 11 до 14ч се издаваат готовите лични документи. Ваквото работно време е на Одделението за управни работи.
Иако од средата повеќе не се врши аплицирање за лични документи без закажан термин, пред просторијата има голема гужба, но и во околината каде може да се види сообраќаен метеж од автомобили.
Согласно Преспанскиот договор од утре, 13 февруари не важат пасошите, личните карти, возачките дозволи каде е пишана Република Македонија, туку е потребно да има „Северна“.
Tweet |