Петар Печков
Објавено: петок, 17 јануари 2025
Завршена е изработката на техничкото решение за санација на мостот кај Башино Село, на реката Вардар. Тоа е изработено од стручњаците на Градежниот факултет при УКИМ од Скопје. Истото е веќе доставено до Јавното претпријатие за државни патишта.
Следен чекор, е избор на градежна фирам која ќе ја изврши санацијата. Според објаснувањето на градоначалникот Колев, тоа ќе се реализира по брза постапка, која во вакви случаи Законот ја дозволувал, итни, стратешки важни и за неодложни состојби. Тоа е без јавен повик, ЈПДП спроведува постапка, можност да покани неколку фирми, кои ќе понудат услови и за седум дена да се избере изведувачот, кој ќе ја врши реконструкцијата.
И во рок од 60 до 90 дена, се планира да се извршат и завршат градежните зафати. Тоа опфаќа отстранување на стариот асфалт, на бетонот, да се зајакне арматурата, поставување нов бетон и асфалт и интервенции под мостот, зајакнување на носачите кои се во реката.
Како долгорчно решение е изградба на нов мост. Во постапка пред ЈПДП е избор на фирма за проектирање, ако е таа успешна следи избор на изведувач и во втората половина од годинава би започнала изградбата нов мост, 50 метри подолу од постојниот.
Tweet |