Петар Печков
Објавено: вторник, 27 ноември 2012
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Т.(27) и А.Ѓ.(17), двајцата од Велес за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Тие на 24-ти октомври годинава, во 13,30 часот во Велес го пресретнале Ш.В.(18) и насилно го внеле во такси возило, по што заминале во близина на местото каде живеел М.Т. Двајцата физички го малтретирале , а А.Ѓ. со нож му се заканувал по животот, бидејќи наводно Ш.В. зборувал навредливи зборови за сестрата на М.Т.
Околу 14,30 часот откако му го одзеле мобилниот телефон, го пуштиле да си оди. За ова СВР Велес против двајцата насилници поднесе кривични пријави за „противправно лишување од слобода“.
Tweet |