речник контакт

Грабулов паричната награда ја отстапи на малиот генијалец Христијан Арсов

Арсов доби признание за натпросечни знаења за неговата возраст

Петар Печков

Паричната награда за живото дело ,,Гемиџии,,, годинашниот добитник  доктор  Венцислав Грабулов одлучи да му ја отстапи на  осумгодишниот  Христијан Арсов, кој доби признание за  натпросечни знаења за неговата возраст.  Наградата е во висина од три просечни плати.  

Ова е мал брилијантен ум, кому и небото не му е граница. Иако има осум години, има прескокнато три одделенија а ќе прескокне и повеќе натаму. Му посакувам остварување на неговите детски соништа и желби на полето на науката. Тој напредува така брзо што му е потребна поддршка од нас, од општеството  - рече Грабулов. 

Арсов  кој е основец има IQ 145 и тоа чудо од дете зборува латински и странски јазици, математика, информатика. Христијан научил да чита на неполни две,  множи без мака троцифрени броеви,  има одлично познавање на вселената, обземен е од волшепството на астрономијата.    

Кога ќе пораснам сакам да бидам научник, да работам во НАСА, да бидам инженер, архитект, математичар - рече малиот Христијан и ги собра аплаузите од полната сала  на велешки театар  каде се одржуваше општинската свеченост на доделување на општинските награди.    Добитникот на наградата за животно дело ,,Гемиџии,, др  Венцислав Грабулов е научник, истражувач, универзитетски професор во областа на металните материјали. Тој живее и работи во Белград Србија.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »