речник контакт

Градинката и Основното училиште “Даме Груев”во Градско добија сензорна градина

Oваа градина е наменета за зголемување на сетилните вештини и психомоториката кај децата од предучилишна возраст па сé до периодот на адолесценција

Петар Печков

Во дворот на градинката и основното училиште „Даме Груев“ во Градско  денес беше отворена сензорна градина, прва од ваков вид во основно училиште во нашата држава. Oваа градина е наменета за зголемување на сетилните вештини и психомоториката кај децата од предучилишна возраст па сé до периодот на адолесценција.

Сензорната градина претставува еден вид училница на отворено која што овозможува стимулација од широк спектар на сите сетила и е особено корисна за децата со посебни потреби. 

Акцијата беше иницирана и реализирана од студентки на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Економскиот факултет при Европскиот универзитет во Скопје, жителки на општина Градско, во соработка со тимот на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје. Средувањето на теренот за изградба на сензорната градина го помогнала  Општина Градско и основното училиште. 

Акцијата „Активни граѓани за добро владеење“ на Форум ЦСИД од Скопје е поддржана од Проектот на  УСАИД за граѓанско учество. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »