Петар Печков
Објавено: петок, 25 февруари 2022
Општина Велес нема развојна компонента, се пожали градоначалникот Марко Колев. Тој објасни дека општинскиот Буџет се полнел со малку пари а потребни биле далеку повеќе да се задоволат потребите на 55 илјади жители во општината. Локалната власт немала градежна парцела за заинтересиран инвеститор, кој сака да гради во општина да дојде и инвестира, оти ниту една не е со целосна инфраструктура.
„Немаме ДУП, немаме ГУП, дневни приходи во општинскиот Буџет се околу 200 илјади денари. Месечно општината прибира 15 до20 милиони денари, што за споредба е далеку помалку од соседни општини, кои се помали по број на жители. Тие собираат по 40-50 милиони денари месечно. Нема уредување на градежно земјиште а без тоа нема развој и на општината и на стопанството. Ќе ги прифатиме сите предлози за поставување на фото волтаици, што е светски тренд, за да се полни Буџетот“- вели Колев.
Тој посочи дека бил откочи просецот на легализација на дивоградбите, кои претходно четири години не функционирал, и досега за три месеци поделени биле сто решенија на граѓаните. Во изминатиот период работеле и на данокот на имот, бидејќи во локалната власт имало шест илјади решенија кои биле закочени од различни причини а граѓаните сами доаѓале и реагирале за да можат да си го платат. А токму од овие две ставки се очекувало значаен прилив на средства во Општинскиот буџет.
Колев се пожали дека за трите месеци, од октомври до декември, откако бил раскинат договорот за снабдување со електрична енергија, општинската сметка за осветлување била повисока за 18 милиони денари, поради што некои улици во градот не ќе може да се уредат.
Tweet |