речник контакт

Градоначалникот Колев за 9 ноември порача - заедно го градиме Велес во пристојно место за живеење (фото)

Врачени беа општинските награди 9 ноември. За животно дело „Гемиџии“ на проф. д-р Елка Јачева- Улчар од Институтот за македонски јазик

Петар Печков

Со свечена седница, на која беа врачени признанијата и општинските награди, Велес го одбележа Денот на општината 9 ноември. Градоначалникот  Марко Колев ја испорача неговата визија за како ја гледа општината во изминатиот период и следните години.  

„Изминатите две години заедно  го градиме Велес да биде достојно место за живеење за сите нас. Општина во која има место за најмладите и младите, за  возрасните, за ранливите, за оние со потреба. Вечера стојам пред вас и посакувам да имаме иста цел, Велес градот во кој живееме да се развива, да биде пример за инфраструктура,образование, спорт, култура. Велес да живее од нас, за нас   и со нас. До тука стигнавме заедно, така и да продолжиме“ - кажа Колев.

Наградата за животно дело ја добива  проф. д-р Елка Јачева- Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Миcирков“ за нејзината работа од областа на науката.  Таа е автор на неколку значајни дека од областа на македонистиката.

Плакета 9 ноември добија прехранбената индустрија „Кристал 1923“, историчарот и виш кустос од Народен музеј Марин Клифов, и извршниот директор на Јоопоне, дипл. машински инженер Никола Тодоровски.

Благодарница добија  пожарникарите Димче Јованов, Кире Диковски,  Александар Јолдашев, Рамадан Атилов и Роберто Шакиров кои беа на помош за настраданите од земјотресот во Турција, Александар Игевски, Ѓоре Андовски, Сашко Иванов, Бобан Арсеновски припадници на армискиот тим за заштита и спасување кои беа на помош на настраданите од земјотресот во Турција,  фурна Гемиџии за промовирањето на велешкиот бренд „пита пастрмалија“,   Игор Мицевски Скакар за достигнувања во борењето, , Клементина Војдиновска за достигнувања во каратето, Јован Јовановски за достигнувања во тенисот   и  Трајче Малинов за овековечување на траен запис за Ало Тончов,  бардот на велешката чалгија.

Пофалница за  Васил Богоевски виолинист за афирмација на Велес на меѓународната сцена преку класичната музика, Ања Саздова волонтер и младински активист , Ерѓул Усеинов за покажаната храброст за спасување на човечки живот, Ели Апостоловска за волонтеризам и граѓански активизам, Иле Чингаров за чување на традиционалните вредности.  

За нај студент  признанието „Ѓорѓи Шоптрајанов“  го доби  Бојана Кацарова, студентка на Медицинскиот факултет во Штип, со просек од 9,92.
Во забавниот дел од свеченоста, концерт имаше Камерниот оркестар од Битола, со настапи на Наде Талеска, Мики Секуловски и Ристо Самарџиев.

фото Општина Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »