речник контакт

Градоначалникот Колев најави градежна офанзива до крајот на годинава

Се продолжува со изградба на кеј од десната страна. Кои улици во општината ќе се реконструираат

Петар Печков

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, на прес конференција ги објави проетктите кои ќе се реализираат во наредниот период а се значајни за Општина Велес. Како најважна работа го најави почетокот на работите на изградбата на кеј се до стар мост, поточно продолжување на веќе изградениот од десната страна. Инвестицијата е во висина од 20 милиони денари, на одложено плаќање. Интензитет на градбите немало, поради бројните неработни денови изминатиот период,. 

„Ќе имаме кеј од Мало мовче до Стар мост, од страна на Епархијата. Изградбата треба да заврши до крајот на годинава. Кеј ќе се гради и од левата страна, но дилемата е дали од постојниот до Стар мост или од постојниот до поранешното училиште Џинот. Тој ќе се гради со средства кои треба да ги обезебди новата Влада. Тоа би  се завршило со крајот на мојот мандат за година  и половина“ – кажа Колев. 

Тој најави и почеток на реконструкција на повеќе патни правци со што ќе се подобри комуникацијата. Раштански пат – од крстосницата кај Брако, преку фабриката Киро Ќучук до Ветеринарната станица. Улицата Луј Пастер од фабриката Киро Ќучик се до ул. Благој Ѓорев –освен што ќе се асфалтира, ќе се постави водоводна мрежа со која ќе се поврзе новата социјална зграда и зградите кои таму во околината се градат. Оваа улица ќе се прошири со рушење на потпорниот ѕид. Ул. Борис Трајковски од Трговски до силосите на Маслодајна ќе се постави нов асфалт. Ул. Љубљанска од Ќоше се до натаму каде има можност да се постави нов асфалт. Ул. Алексо Демниевски Бауман од аптека се до семафорите, вклучувајќи ја и крстосницата. Тука би се поставиле дополнителни одводни канали пред Пензионерски за собирање на атмосферските води. Реконструкција на улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев. Улиците Илинденска и Димитар Влахов од кружниот тек , преку Нов мост, се до пазариште. Никола Вапцаров и Кирил Пејчиновиќ, ќе се бетонираат или ќе се постави бехатон. Во Башино  село, Иванковци, Челошово се работи на асфалтирање улици. 

Во однос на детски забавни паркови, спортски игралишта, до крајот на месецов треба да заврши уредувањето на паркот во Дворови, кај Железен мост, со поставување  на тартан патека.  Се работи на игралиштето во Превалец и во Башино село а во фаза на избор на изведувач е за трите  спортски терени на ОУ Васил Главинов, тартан, вештачка трева и подлога за кошарка. Се подготвува изградба спортски терени во Иванковци, Отовица. 

Наскоро ќе започне реконструкција на тревните терени околу Костурницата.

На главната улица во населба Превалец во должина од 300 м ќе се менува фекалната канализација а со тоа ќе ги нема септичките јами. Ќе се менува и фекалната канализација на улица Питу Гули на Којник.

„Очекувам дека сите овие работи ќе завршат со крајот на градежната сезона, ноември годинава. Барам разбирање од граѓаните за сите можни застои кои ќе се случат со овие градежни активности“ – кажа Колев. 

Одговарајќи на новинарско прашање, за поставување на камери на јавни пворшини,  градоначалникот најави дека до крајот на годинава, пробно ќе бидат поставени на некои делови а доколку се покажат позитивни работи, догодина ќе се предвидат средства и ќе се постават на повеќе локации, со цел заштита на урбаната опрема. 

На поставените прашања од ТрМр за уредувањето на центарот на градот  и мракот на велешки улици, одговорите во наредните текстови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »