Петар Печков
Објавено: сабота, 25 февруари 2023
Градоначалникот на Велес, Марко Колев, беше во увид на градежните работи на улица Благој Ѓорев, со спој со улица Живко Фирфов. Тој кажа што во моментот се работи во општината, но и кои се плановите за работа во наредниот период.
„Тука сме на ул. Живко Фирфов, очекувам следната седмица таа да се асфалтира. Ул. Благој Ѓорев во овој дел се реконструира, ќе има нови тротоари, ивичници, нов асфалт. Нејзината реконструкција ќе заврши за месец и половина. Продолжуваме со реконструкција на улиците Лазо Осмаков, Орце Мартинов, Андон Шурков. Сите тие се работат со Светска банка и Министерството за транспорт и врски. На Лазо Осмаков се поставува инова водоводна мрежа. Следната седмица ќе се склучи договор од 40 милиони денари, за работа на неколку улица од високите зони на Велес, за бетонирање или асфалтирање, поставување на бехатон плочки.
За неколку дена започнува целосна обнова на игралиштето во населба Тунел, во тек е постапка за реконструкција ан Младински парк. Годинава ќе се обноват спортските терени во месноста Дворови, ракометното игралиште во паркот кое ќе добие вешалка трева, ќе се обнови спортскиот терен покрај Вардар близу Автобуската станица“- рече Колев.
Овој негов увид беше во друштво со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Tweet |