Петар Печков
Објавено: среда, 17 јануари 2018
Општина Велес му должи на ЈКП Дервен 89,3 милиони денари по различни основи, за извршени работи во последнтие четири години, за изведени во градот. Но за поголемиот дел од услугите, цените биле напумпани, реагира градоначлникот на Велес, Аце Коцевски. Поради тоа тој ќе побара долгот да се намали за половина.
Со увид во документацијата констатирав дека на легален начин е крадена Општина Велес. Се е покриено со одлуки на Управен одбор на ЈКП Дервен и на Советот на Општина Велес. Цените на услугите кои ги утврдил Советот на Општина Велес уште во 2011-та се далеку повисоки од пазарните, некои и до три четири пати повеќе. Целта била да се испумпуваат пари за да во ЈКП Дервен се вработуваат се повеќе заслужни партиски кадри. Од 2014-та година, ниту една услуга, фактура од Општина Велес не е платена кон ЈКП Дервен. Така е акумулиран долг од 89,3 милиони денари. Имаме фиктивни нереални услуги, кои постојат само на хартија - изјави на прес конференција градоначалникот Коцевски.
Како илустрација тој даде неколку примери на цени, кои биле нереално високи. Железната конструкција за пешачкиот надвозник предвиден кај Башино село, кој беше порачан пред изборите, на тендер бил добиен за 80 ден за кг челик, во кој влегувале набавка, транспорт и монтажа, додека ЈКП Дервен за изработка на ракофатите на високите делови на градот, за изработка на урбана опрема клупи, корпи за отпадоци, цената била од 220 денари. Метар кубен за темели на пазарно чинел 5,5 илјади денари, ЈКП Дервен фактурирал на општината 7,8 илјади денари по м3.
Најстрашно е тоа што им се случувало на обичните работници, кои земале минимална плата од 10,5 илјади месечно, нивниот работен час на Општината е фактуриран по 400 денари за саат, за градежните инженери работниот час е фактуриран 800 денари наспроти реалната од 250, за геометрите бил 600 денари а реалната е 200 денари. Исто така пумпани се цените и за користењето механизација. Ровокопач наспроти реалната 1,8 илјади денари се фактурирал по 4 илјади денари од час, а траткор се наплатувал за 700 денари за работен час а трактор за испорака на дрва се наплатува по 400 денари. Фактурирани се и услуги кои не се извршувани. Исфрлање на смет од Хотелот ,,Вила Зора,, од ОУ ЈХ Џинот,, од киното, иако се затворени со години, се наплатувани услуги за 823 илјади денари - додаде Коцевски.
Затоа тој ќе побара од Советот на Општина Велес и од УО на ЈКП Дервен да отпише 50 отсто од долгот на локалната власт. Најави дека деновиве ќе платат дел од долгот создаден во 2014-та, кој бил пред застарување, за да Општината не биде тужена пред суд. Објаснува дека не може да се бара одговорност оти се било законски покриено, а цените во ЈКП Дервен не можат набргу да се променат, ото комплетно цел УО поднел оставка а постапката за избор на нов била долга и сложена.
Tweet |