Петар Печков
Објавено: петок, 27 март 2020
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски објави дека неговите резултати од земениот брис и на неговото семејство, се негативни на присуство на корона вирусот.
Ве известувам дека според резултатите од земените примероци за корона вирусот и јас и членовите на моето семејство се негативни - напиша тој на ФБ.
Од средата тој се самоизолира откако двајца од тројцата велешани кои се заразени до корона вирус, биле пациенти на неговата сопруга, која им била матична докторка и биле кај неа на преглед. Претходно Коцевски најави дека работните обврски следните две седмици ќе ги извршува од дома.
Tweet |