речник контакт

Градоначалникот бара истрага дали завршните сметки на ЈКП Дервен биле изготвувани реално

За Коцевски е симптоматично, што додека е тој градоначалник има високо производство на вода, која паѓа во периодот кога не е, спротивно на тоа загубата на вода е висока кога тој е прв човек на општината а кога не е загубата е ниска

Петар Печков

До Основното Јавно Обвинителство Велес, градоначалникот испратил информација за постоење на сомневање за свесно  манипулирање, при подготовка на податоци  на завршните сметки на ЈКП Дервен.

Коцевски се сомнева дека има некои ,,матни,,  дејствија, бидејќи во периодот кога тој бил на оваа позиција од 2000-та до 2009-та има далеку повеќе вода дистрибуирано од велешкото комунално претпријатие, додека во следниот период  од 2010-та до 2016-та, количеството на вода опаѓа, за да последните две години расте.

Во истите периоди додека е тој градоначалник расте загубата на вода, кога не е, таа опаѓа. Ова за него остава простор за сомнежи дека завршните сметки биле ,,штимани,, со цел комуналното претпријатие да работи успешно. 

Сериозно се манипулирало со податоците во завршните сметки  на ЈКП Дервен, се сомневам дека е свесно и намерно манипулирање. Ова се однесува на произведената, односно дистрибуирана вода, што пак влијае на процентот на загуби на вода. Загубите на вода се движат од    40 отсто во 2000-та, високи 49 отсто во 2002-та, до 45 отсто 2008-та.  По моето заминување од позицијата градоначалник  2000-та паѓаат на под 40 отсто за да во 2014-та на рекордно ниски 30,74 отсто. По моето враќање на градоначалничката позиција, 2017-та, 18-та и 19-та,  скокнуваат над 50 отсто. Целта е ЈКП Дервен да немал загуби  а јавноста да се доведе во заблуда дека претпријатието наводно успешно работи.  Очекувам истрагата  од надлежните институции, да утврди кој стоел зад ваквото креирање на работењето на ЈКП Дервен - изјави Коцевски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »