Петар Печков
Објавено: четврток, 26 март 2020
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски објави дека се самоизолира, следните две седмици и работните обврски ги извршува од дома.
Земен бил брис од него и неговата сопруга, која е доктор и ги очекуваат резултатите од нивното тестирање.
Објаснува дека неговата сопруга е матичен лекар на двајца од тројцата заразени од корона вирусот во градот.
Тие биле на преглед, па поради ова Коцевски се решил да се самоизолира и тој и сопругата.
Освен нивните јавноста го градот ги очекува резултатите од контролата, и од другите лица кои биле во контакт со засега тројцата заболени од Велес.
Tweet |