речник контакт

Градоначалникот најавува Градскиот базен летово да работи

Раскинат договорот, ќе се работи на отстранување на недосатоците на објектот

Петар Печков

Од локалната власт најавуваат дека преземаат активности, за да може Градскиот базен да ги прими првите капачи од средината на јуни месец, кога изминатите години започнуваше да работи. Ова доаѓа откако стручни лица констатираа дека на овој рекреативен објект има сериозни недостатоци, кои  се закана по безедноста на капачите. Веќе бил раскинат договорот со досегашниот концесионер физичко лице,  оти последните три години не ја плаќал закупнината,  а тој работеше шест години од десетте колку што предвидуваше договорот. 

Состојбата на базенот е многу лоша. Загрозена е безбедноста на посетителите. Ја уверувам јавноста дека ќе направиме се, за благовремено да ги отстраниме недостатоците на базенот за подготвени да ја дочекаме следната сезона за капење. Го раскинавме договорот заради неплаќање на обврските. Со јавен повик ќе ги поканиме да конкурираат сите физички и правни лица заинтересирани да стопанисуваат со базенот - изјави градоначалникот Аце Коцевски.   

Минатата седмица на  базенот беа стручни лица од   Институтот  за  земјотресно  инжинерство и  сеизмологија од Скопеј. По увдиот  кажаа дека тој  е во лоша состојба.

На надлежните во локалната власт ќе им препорачаме, да имаат сериозен пристап  и да се направи целосна санација. Во ваква состојба како што е, базенот е  во загрижувачка состојба  и може да има несакани последици. Бетонот и арматурата се  во  мошне, лоша состојба - изјави проф Влатко  Шешов, директор на   ИЗИС, кој беше на увид   со  негови  колеги.

Изминатите две  - три  години, по отворањето на базените на хотелите близу Велес, опадна и посететноста на Градскиот Базен. Имаше повеќе гости од Скопје, Свети Николе отколку   од Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »