речник контакт

Градоначалникот се извини за пожарот на депонијата за смет, поради која Велес се гушеше во чад а неколку дена не се собираше сметот од домаќинствата

Депонијата која е нестандардна, гореше во два наврати

Петар Печков

Градоначалникот Аце Коцевски се извини што  одреден период од месец август,  не се собираше отпадот во Велес,  но и за пожарот на депонијата за смет, поради која велешани два дена се гушеа во чад.  

 „Би сакал во име на ЈКП Дервен и мое име, да се извинам на граѓаните и правните субјекти за нередовното празнење на контејнерите со смет и заради настанатиот пожар на депонијата за комунален отпад, поради што дојде до нарушување на квалитетот на воздухот во градот, со ПМ 10 честички“ - кажа градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Тој објасни дека неколку дена не се собирал сметот во градот а како причина го наведе  пожарот на депонијата. Поради него вработените од комунална хигиена, биле ангажирани  за гаснење на пожарот и физички не можеле да работат две работи.  Згора на тоа имало лица кои биле на одмор а некои поради топлотниот бран биле ослободени од работа.  

Последен пат депонијата горела на 20-ти август 2018-та. Таа е нестандардна и при опожарување огнот подолго трае.  Таа изминатите денови гореше во неколку наврати, прво на 27-јули, па на 3-ти август повторно. Согласно обврските наложени од Државниот инспекторат за животна средина, таму сега има 24 часовен надзор  а на ЈКП Дервен е изречена парична казна од три илјади  евра. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »