Петар Печков
Објавено: вторник, 07 ноември 2017
Градоначалниците на Општините – Лозово, Градско и Чашка ги добија уверенијата и седнаа на нивните нови работни места, за наредните четири години. Роберт Бешовски во Градско, Аце Василковси во Лозово и Горан Стојановски во Чашка, сите од СДСМ ќе ги раководат соседните општини.
Нов претседател на Советот на Општина Чашка, е Фемих Бејлуов од Горно Јаболчишта, кој работи како наставник. Тој е дел од коалицијата на партиите на Албанците ,,Беса,, и Алијансата за Албанците,, која освои две советнички места. Неа ја поддржале 4 советника од СДСМ, 2 од ВМРО-ДПМНЕ, 2 од коалицијата Беса и Алијансата, додека еден советник од ВМРО-ДПМНЕ при гласањето бил воздржан а двата советника од ДУИ гласале против. Ваквиот развој на настанети ги разлути гласачите на ДУИ, вели претседателот на Општинскиот Комитет за Чашка и досегашен претседавач во два мандати Рамадан Амзов.
Ова е непринципиелна коалиција. Иако ние како партија го поддржавме кандидатот за градоначалник на СДСМ, наспроти договорот помеѓу Оливер Спасовски и Изет Меџети, за претседавач на Советот е избран кандидат на партијата Беса – вели Амзов.
Во Општина Лозово пак за претседател на Советот е избран Душан Георгиевски од СДСМ, иако мнозинството на советници четири го доби ВМРО-ДПМНЕ. Георгиевски беше поддржан од 3 советници на СДСМ и по еден на Народното движење за Македонија и Движењето за национално единство на Турците. Деновиве мнозинството советници има уште еден повеќе, откако студентот Влатко Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ премина во партијата на ,,зелените,, ДОМ.
Во општина Градско Советот сеуште не е конституиран.
Tweet |