речник контакт

Градот му го отстапи Градски на ФК Борец на 10 години

Советниците едногласно ја прифатија одлуката а велешани очекуваат за некоја година да гледаат прволигашки фудбал

Петар Печков

Советот  на Општина Велес  едногласно одлучи, да му ги даде на ФК Борец  1919 Градскиот стадион на 10  години и за ист период да му отстапува за користење термините од спортската сала ,,Гемиџии,,.  

Оваа одлука е во  согласно Програмата за работа и Планот за развој на фудбалскиот клуб Борец 1919 Велес, кој претходно беше претставена пред советниците,  лично од директорот и сопственик на  клубот Кочо Анѓушев.  Времетраењето на користењето на спортските терени е за период од 10 години, со можност за продолжување по претходна дадена согласност од основачот.  

По прифаќањето на Програмата, директорот на ЈПССО „Парк–Спорт“ Велес, претседателот на клубот ФК Борец 1919 и законскиот застапник на Општина Велес, ќе склучат договор за утврдување на правата и обврските на договорните страни.

Претходно Советот беше запознаен за начинот на преземањето на фудбалскиот клуб од страна на претседателот Анѓушев, начинот на финансирање на клубот, неговото одржување во лигите, финансирањето, тренинзите и натпреварувањата.  

Советот оваа одлука ја донел ,, за да се овозможи ФК Борец1919 да ги користи спортските објекти и терени и да не се попречуваат понатамошните активности на клубот и остварувањето на подобри спортски резултати,,. Правото на користењето на спортските терени е без надоместок, за потребите на фудбалскиот клуб Борец 1919 Велес. 

Со програмата  за работа на ФК Борец 1919 изработена  од Анѓушев,  е предвидено: 

,,Оваа натпреварувачка сезона да се влезе во Втора лига  за што ќе се обезбедат 40 илјади евра За Втора лига да се обезбеди буџет од 100 илјади евра за влез во Прва лига. За секоја натпреварувачка  година од Прва лига ќе се обезбеди фонд од 150 илјади евра годишно. Сите средства  ќе бидат обезбедени исклучиво од   средства на фирми кои се во сопственост и со кои управува претседателот  на  клубот Анѓушев и од тековно работење и рекламирање на ФК Борец,,.

Клубот презема обврска да постави рефлектори  на стадионот, што е во фаза на реализација и е инвестиција од 40 илјади евра.  

Стадионот има вештачка трева како и поставени 800 столчиња. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »