речник контакт

Градот Бепу кој живее на пареа

Речиси трите илјади геотермални извори, секојдневно исфрлуваат повеќе од 130 илјади тони вода што врие

Петар Печков

Добродојдовте во Бепу, јапонски град кој благодарение на трите илјади вулкански гејзери, константно е обвиткан во пареа.

За неговата геотермална атрактивност Бепу може да му заблагодари на активноста на најголемиот јапонски вулкан Асу, кој е оддалечен стотина километри од овој град на островот Кјушу.

Речиси трите илјади геотермални извори, секојдневно исфрлуваат повеќе од 130 илјади тони вода што врие. Поголема активност од тој тип се случува единствно во Националниот парк „Јелоустон“ во САД, пишува „Дејли Мејл“.

Токму заради тоа, Бепу е најголем геотермален ресорт во светот, а името на секој извор го вклучува и зборот „пекол“. Најголеми геотермални извори се премногу врели за капење, а често ги нарекуваат и „осумте пеколи на Бепу“.

Еден од нив е „Планинскиот пекол“, каде температурата на водата е 90 степени Целзиусови. Посетителите на тоа се предупредени и со знаци, а во ресортот можат да уживат во разни „деликатеси“, меѓу кои и варени јајца на пареа.

Секако, од ова не профитира само туризмот, туку полаза од оваа необична природна појава имаат и домаќинствата и индустријата.

Асу првпат по две децении еруптира минатиот месец и подрачјето во радиус од околу 150 километри беше прекриено со „дожд“ од сива пепел.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »