Петар Печков
Објавено: вторник, 17 септември 2019
На 40-та седница советниците го усвоија Планот за одржлива урбана мобилност, кој нуди применливи решенија за сообраќајот и сообраќајната инфраструктура во Велес.
Тој беше донесен со четиринаесет гласа „за” и шест „воздржани”. Со усвојувањето и примената на мерките од овој документ Општина Велес е прва општина во Македонија со подготвен план изработен според стандардите на ЕУ. Планот е насловен ,,Градот да биде добар за нашите деца,,.
Донесовме мирно револуционерни мерки за подобра сообраќајна иднина во градот. Со планот, кој е работен по примерот на градот Љубљана во Словенија, предимство имаат пешаците, потоа велосипедистите, па јавен превоз на еколошки горива и на крај се автомобилите - порача градоначалникот Аце Коцевски.
Претставникот на словенечката компанија АПИА која го изработи овој значаен документ, вреден три милиони денари, Јован Христоски, ги презентираше клучните препораки и мерки од Планот. Тој опфаќа зонско паркирање, затворање на центарот на градот за сообраќај, развојот на јавниот превоз, изградба на мост на реката Вардар кај Речани, развојот на велосипедизмот и велосипедската инфраструктура, инфраструктура за лицата со ограничена мобилност, воведување на еднонасочен сообраќај на најкритичните места во високите делови на градот кон црквите Св. Спас и Св. Пантелејмон се дел предвидените решенија со овој документ.
Планот е ,,тивка револуција,, за да се сменат навиките на граѓаните. Според извршената анкета на 4,5 илјади лица во градот Велес 53% од жителите користат автомобил, 29% пешачат, 7 отсто користат јавен превоз и само еден отсто велосипед. Поставеноста на градот, стрмните улици по високите зони по ридовите, се сериозен проблем - кажа Христоски.
Tweet |