Петар Печков
Објавено: недела, 08 декември 2013
Се поставуваат светилките по главните градски улици, елките за пред Новогодишна атмосфера. Локалната власт се подготвува за дочекот на Новата 2014-та година. После неколкугодишен организиран заеднички дочек на отворено во Велес, годинава нема. Праксата се прекинува, причина била слабиот интерес и високите хонорари на изведувачите.
Изминати години во пракса се покажа дека велешани не доаѓаат на пречекот кој општината го организираше на отворено. До најмногу 300 лица, што за ваков голем град е премалку. Затоа решивме годинава да нема пречек на отворено. Згора на тоа имаме хонорари за изведувачи кои се движат од 10 илјади евра па нагоре, што е многу повеќе и од Питијадата. Што се однесува до украсувањето тоа ќе биде сконцентрирано на Младинскиот парк. Тука се ќе се случува за Новогодишните празници и затоа акцент ќе ставиме на овој простор – изјави Славчо Чадиев градоначалник ан Велес.
Вообичаено ќе бидат поставени и три новогодишни елки, пред ДОЗ, пред Пошта и кај Сако трејд, како и големата елка во Младински. Се красат и јаворите во центарот на градот со светлечки топки.
Tweet |