Петар Печков
Објавено: четврток, 24 ноември 2011
Околу 10 часот во Велес беа регистрирани десетина детонации од минирање. Ова ги вознемири велешани, кои прашуваат кој и што работеше претпладнево.
Од надлежните нема информација, бидејќи кај нив никој не пријавил дека ќе се работи таква активност, иако за тоа се со Закон обврзани.
Ни во СВР Велес, ниту во Центарот за известување не знаеја да кажат што се случуваше. Граѓаните така останаа без одговор, но и дилемата како тоа да се врши минирање, а да не се пријави.
Звукот и детонациите доаѓаа од правец на Железничката станица, од Топилница, од кај депонијата со згура.
Tweet |