Петар Печков
Објавено: вторник, 13 јуни 2023
Градскиот базен, именуван ЛИДО, годинава 2023, започнува со работа на 16 јуни. Почетокот е од 11 часот а работното време е до 19 ч. доколку им ноќно капење тоа дополнително закупецот ќе го објави, кој ден и во кој термин.
Дневниот билет е 100 денари, додека сезонски билет, за три месеци, додека трае сезона за капење е 1.500 денари. Освен капењето гостите ќе имаат можност да користат и освежување и храна.
Петок вечер на свеченото отворање гостите ќе ги забавува групата „Амадеус бенд“. Закупец на Градскиот базен е физичко лице, Стојанче Илиевски, кој на јавен повик го доби на работа 10 години.
Tweet |