Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 април 2012
Откако на неодманешниот оглас за издавање на Градскиот базен, не се јави ниту еден заинтерсиран потенцијален закупец, надлежните од Општина Велес решија да го понудат повторно.
Но овој пат со пониската почетна цена, 400 илјади денари за една година. Издавањето под закуп на објектот е ист, се врши за период од 10 (десет) години. Јавното отварање на понудите ќе се врши на 24 април 2012 година, во 12:00 часот во просториите на Општина Велес.
Tweet |