Петар Печков
Објавено: среда, 08 март 2023
Советот на последната 30 седница донесе одлука Градскиот базен да се дава под закуп. Ќе се издава по пат на електронско јавно наддавање. Почетната цена е 86 илјади денари месечно за месеците јули август и септември. Тоа е 0,5 отсто од процената вредност на објектот. Во останатите месеци идниот закупец ќе плача по 3 илјади денари месечно.
„Само за полнење и промена на вода во базенот фактурата од ЈКП Дерен кон Општината е во вредност од 2 милиони денари. Изминатиот период дојдоа 4-5 заинтересирани лица за објектот, тие реагираа на годините на изнајмување. За нив се малку и три и пет години,за да може да влезат со сериозни инвестиции. И затоа базенот ќе го издаваме на десет години“ - кажа градоначалникот Марко Колев.
Минатата година базенот работеше со поддршка на ЈКП Дервен и ЈП Парк спорт и паркинзи.
“Јавноста треба да знае дека коритото на базенот е сериозно оштетено. Затоа лани често се случуваше да се дополнува со вода. И затоа водата во базенот беше ладна. Хлорирањето е тешко, апаратот е расипан, па се вршеше со позајмен апарат. Состојбата со базенот е лоша. Со години нанзад, не се вршело контрола“ - кажа советникот Марјанчо Николов.
Tweet |