Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 март 2022
Врз која законска основа е покачена цената на градскиот и такси превозот. Ова е прашањето кое до градоначалникот Марко Колев, го постави советникот Марјан Николов. Тој потенцира дека јасно е оти цената на горивата отидоа високи и потребни се нови, но мора да се почитуваат Законите. А тие велат дека Советот е единствен кој донесува одлука за висината на цените на градскиот и такси превозот.
„Одлука за измена, покачување на цената која ја донесува Советот нема. Ниту досега до нас советниците, дошло некое барање, ниту за такси превозот ниту за градскиот. Дали ќе реагирате до превозниците зошто не ја почитувале процедурата, ако веќе има економска оправданост и кои постапки ќе ги преземете. Требa ли некој да ги штити и граѓаните, корисниците на овие услуги. Не може кој колку сака да си ги качува цените сам. Има реакции од граѓаните дека превозот е доста поскапен“ - рече Николов.Потсети дека таксисите бараат дозвола за лиценца, за работа од општината, која пак ги распределува градските и меѓуградски линии.
Градоначалникот Марко Колев без прецизен одгвор, како ќе се реагира што цените се покачени без дозвола од градските власти.
„Доставени се три барања за нови цени до локалната власт. Потребно е да се најде договор за не бидат оштетени и граѓаните, корисниците на тие услуги„ - рече Колев, но не објасни дали ќе има реакција до превозниците што не побараа нови цени на превозот во градот.
Tweet |