Петар Печков
Објавено: среда, 25 јануари 2012
Во текот на ноќта помеѓу 22 и 23 јануари од градскиот парк украдени се 30-тина зимзелени и листопадни садници. Следната ноќ уништена е водоводната инсталација чија намена е да ја полева оваа зелена површина. Вкупната штета од овој вандализам се проценува на повеќе од 45.000 денари. Случајот ЈКП Дервен го пријавил во полиција.
Како по навика секој новитет во градскиот парк мора да се судри со деструктивната природа на оние чии афинитети не се вклопуваат во нормалното секојдневие. За жал, градскиот парк континуирано трпи вандализам. Меѓу последните чинови на уништување на градското зеленило и урбаната опрема беа уништувањето на заштитната ограда, урбаната опрема, потоа уништувањето на фонтаната „Снежана“ заедно со парковските клупи и корпи за само неколку дена по нивното реновирање – велат од ЈКП Дервен.
Тие континуираното се судруваат со крадење на цветните насади од главните градски улици. Лани од централното градско подрачје биле украдени 55 пластични корпи за отпад.
Tweet |