речник контакт

Градскиот саат, едно од обележјата на градот

Изграден како стражарска кула во 17 век, денес на велешани им го отчукува точното време

Петар Печков

Една од знаменитостите на Велес е  Градскиот Саат, кој со својата височина од 25 метри е стожер  на стариот дел на градот, пазарот, пругата Скопје - Солун. Изграден е на стратешки значајно место, одлично се гледа Мало мовче, врската на велешани од двата дела на градот.

Токму поради тоа  тука бил  изграден во 17-тиот век, бидејќи неговата  првобитната намена била за стражарска кула за што сведочат и трите отвори пушкарници. Од нив  може да се гледа  и контролира движењето на народот во градот.

Саатот отчукува  два пати на секој час, на точното и три минути пред него. Точен е во минута иако механизмот е стар два века – вели Ѓоре Саздовски, кој четврт век го одржува.  

Градскиот саат не е отворен за посети, бидејќи стрмните  и тесни дрвени скали, не се безбедни за евентуалните гости, па така Ѓоре ја има единствената привилегија да може да го гледа Велес од Саат кулата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »