Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јуни 2014
Градскиот стадион во Велес доби нова вештачка тревна подлога. Ова е инвестиција на Фудбалската Федерација во Македонија и Европската федерација. На овој начин решен е проблемот со подлогата.
На овој чин присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој рече дека на ваква високо квалитетна подлога може да се играат натпревари до полуфинале на Лига на шампиони, но и побара од локалната власт да го среди стадионот.
Со ваков терен, не одат вакви трибини. Треба бргу да се среди ова – рече Груевски.
Tweet |