речник контакт

Градско дење без вода, ноќе по капка

Откако почнаа горештините жителите на Градско се без вода. Локалната власт вели затоа што се полеваат нивите

Петар Печков

Двеипол илјади жители на населбата Градско се без вода за пиење. Откако почнаа летните вруќини тие се судруваат со недостаток на вода и жедта ја гаснат со  купување на вода од продавниците.   Бараат овој проблем кој долги години е присутен во населбата да се реши.

Редукциите за вода траат по цел ден. Ќе ја пуштат само ноќно време од полноќ до три четири изутрина и толку. Мораме тогаш да чекаме да наполниме садови, да се избањаме,д а ги пуштиме машините за перење. Не се придржуваат кон најавените рестрикции. Овој проблем не е од вчера и локалната власт треба да го реши што поскоро – велат жителите на Градско. Се жалат оти децата можат да се разболат, поради нехигиената. Локалната власт објаснува дека редукциите се поради енормно зголемената потрошувачка на вода.

Проблемот со водоснабдувањето не е само во Градско, него го чувствуваа половина Македонија. За Градско  специфично тоа што кај нас сите живеат во индивидуални снабени куќи. Тие имаат дворови, други ниви, кои површини се полеваат со оваа вода која е наменета за пиење. Поради ова моравме да воведеме редукции на водата за пиење – вели Глигур Коцев градоначалник на Градско.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »