Петар Печков
Објавено: четврток, 21 јуни 2012
Општина Градско доби ново и современо возило ,,мерцедес,, за собирање на смет. Истото е вредно 4,8 милиони денари и ќе го собира сметот не само до населбата Градско, туку и од дел од населените места во општината. Возилото е купено од средства од кредитна линија во висина од 6 милиони денари, кој преку Светска банка ги обезбеди Владата а со остатокот од 1,2 милини денари набавени се 800 канти за отпадоци за секое семејство и 20 контејнери за исто толку фирми.
Tweet |