речник контакт

Градското дерби во фудбал без голови, одбојкарското за жените на Форшпед

Фудбалерите и натаму без пораз во Третата лига југ

Петар Печков

На стадионот во Башино село се oдигра градското дерби  во Третата лига југ, помеѓу домаќинот Илинден и фудбалерите на Борец. Во слаб натпревар, без многу шанси, средбата заврши без голови.  Во трите  одиграни натпревари од почетокот на првенството екипата на Борец  постигна само три гола и не е така ефикасна како есеноска. Од управата објаснуваат дека причината е што формата се темпира за баражот во јуни, а екипата игра без новаците кои дојдоа зимава и тие  ќе заиграат од петтото коло.  И по овој натпревар Борец е лидер на табелата без пораз.

Градско дерби се играше и  во женското одбојкарско првенство.  Форшпед покажа дека е далеку поквалитетна екипа и без многу напор,з а помалку од еден час победи со максимални   3:0 (25:13, 25:20, 25:7). Форшпед останува на третото место со девет победи и четири порази по 13 одиграни кола додека екипата на Борец Брако е претпоследна со само две победи во 13 натпревари. Следната седмица се игра последното 14-то коло.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »