Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 октомври 2018
Првото градско дерби во футсал го доби КМФ Велес. Тие со 7:3 (5:1) го совладаа тимот на КМФ Гемиџии 1903. Израмнето беше само во почетокот, до 1:1 потоа шампионот ги покажал своите квалитети и забележал сигурна победа. Велешкото дерби се играше во Скопје. По ова коло КМФ Велес е трет со 13 бода а КМФ Гемиџии 1903 е шести со 9 бодови. Во следното коло КМФ Гемиџии игра соседско дерби според пласманот со КМФ Јувентус Серава, додека КМФ Велес гостува на последно пласираната екипа КМФ Шкендија во Тетово.
Во осмото коло на првата женска фудбалска лига, на Градски екипата на ЖФК Борец загуби од ЖФК Ателтико од Битола со 0:6 (0:5). Младиот велешки состав е засега лесен плен за противниците и се наоѓа ан 13-тото претпоследно место од Првата лига, со една победа. Во следното коло гостуваат во Кочани на екипата на ЖФК Кочани која е 11-та со 4 бода.
Во третото коло од Втората кошаркарска лига Исток, КК Борец баскет дома загуби од довчерашниот прволигаш Карпош Соколи со 59:64. Финишот на средбата беше неизвесен, домаќините со повеќе шанси за пресврт, но безуспешни. Така по третото коло Карпош Соколи се лидери без пораз а КК Борец Баскет е втор. Во следното коло велешани гостуваат во Скопје, на екипата на Спарта која има една победа и е осма.
По подолга пауза утре продолжуваат натпреварите од Втора лига Исток, екипата на ФК Борец 1919 дома на Градски од 13,30ч. игра со последно пласираниот тим на Детонит од Радовиш.
Tweet |