речник контакт

Гран при за претставата „Лисистрата“ на театарот од Зрењанин Србија, три награди за „Падот на Масада“ на Драмски од Скопје

Награди за режија за Дејан Пројковски, за главна женска ролја на Јелена Жугиќ и за главна машка на Александар Степанулески

Петар Печков

Претставата „Лисистрата“ на театарот Тоша Јовановиќ од Зрењанин Србија го доби Гран при признанието на Фестивалот на античка драма „Стоби“, додека за претставата „Падот на Масада“три награда, за режија за Дејан Пројковски, за главна женска ролја на Јелена Жугиќ и за главна машка на Александар Степанулески. Ова е одлука на жирито Весна Бобевски, Кети Борисовска и Пеце Ристевски, сите тројца актери.  
 
„Претставата Лисистрата во режија на Никола Завишиќ е тотален театарски триумф кој го преточува античкиот текст во современ експлозивен јазик. Ансамблот први брилијатен пресврт кадд што ликот на Лисистрата го носат сите актерки на сцената. Претставата нуди беспрекорна сценска фотографија“ – ја образложи наградата претседателка на жирито Весна Бобевски. 

„Наградата е за претстава чија премиера беше во мај  годинава и ова е одлично признание. Признанието заминува во театрот во Зрењанин кој  ја има најстарата театарска зграда во Србија“ – кажа актерот Игор Филиповиќ.  

Јелена Жугиќ и лани на овој фестивал ја доби наградата за главна женска улога, тогаш  за Клитемнестра во „Ифигенија за ништо“. Таа годинава наградата ја посвети на брата си, кој дошол во Македонија, за  да ја гледа претставата „Федра“ но истата од технички причини била откажана.   И годинава како и лани, Драмски театар од Скопје  доби три награди.  

Во чест на наградените беше  изведена претставата „Сите прекрасни нешта“ на Народниот театар Штип. На годинашново 23 издание на фестивалот беа изведени пет претстави во конкуренција, меѓу нив и гостувања на театри од Италија и Србија.  

Организатор на Фестивалот е велешки театар.

 фото Општина Велес

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »