речник контакт

Граѓаните може да се вакцинираат со четврта доза против ковид-19

Во Велес се аплицира во просториите на Уред, само „Фајзер, за сите над 18 годишна возраст

Петар Печков

Комисијата за заразни болести информира дека од денес може да се прими четврта доза вакцината против ковид-19. Оваа одлука е во согласност заклучоците од Националната комисија за имунизација.

„Четвртата доза е достапна за сите лица над 18 години кои досега примиле три дози, а закажување на вакциналните пунктови не е потребно. Вакцинацијата со четврта доза се одвива со вакцината на „Фајзер“ а препорачаното растојание од третата доза е изминати  најмалку четири месеци“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор за вакциналниот пункт против ковид-19 во Велес.

Тој се наоѓа во просториите на Здравен дом- Уред и работното вpеме е од 8 до 13часот.

Покрај сите лица над 60 години, четврта доза  особено се препорачува за хронично болните, пациенти на дијализа, лица со трансплантација, онколошки и имунокомпромитирани пациенти и за оние кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »