речник контакт

Граѓаните бараат лежечки полицајци за улиците кај Св. Богородица и кај Раштани, што вели Законот

Граѓаните се жалат на брзо возење по тесните улички и стравуваат за безедноста и сопствена но и на децата

Петар Печков

Граѓаните од стариот дел на градот, кај црква Св. Богородица од улиците  кои таму гравитраат, се жалат на брзо возење по тесните улички и стравуваат за безедноста и сопствена но и на децата.

Затоа тие бараат поставување на легнати полицајци. Исто такво барање имаат и жителите на село Раштани.  

„Лежечки полицајци можат да се постават близу училиште и детска градинка. Знам дека се вози брзо, знам дека има автомобили нерегистрирани, знам дека има возачи кои немаат возачка дозвола. Но не може да се постави лежечки полицаец каде што ќе побараат граѓаните, тие треба да знаат дека тоа е решено со закон, не по нечија желба“ – кажа  градоначалникот Марко Колев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »