Петар Печков
Објавено: петок, 31 мај 2024
Велешани секоја пролет, така и оваа мака мачат со звукот на моторите низ градот. Оваа појава е присутна во сите делови на градот а реакциите на граѓаните се присутни. На последната седница на Советот, нејзиниот член Кирил Лазов го праша командирот на ПС Велес, Александар Костов, што планираат да преземат, за да може граѓаните да имаат мир, посебно во ноќните часови.
„Лани имавме една акција, годинава ја планиравме пролетва, но поради изборите ја оставивме за подцна. Ланската покажа дека 90 отсто од запленетите мотори биле со повисоко ниво на бучава. Моторот се одзема на 90 дена, колку да помине летото а после тоа ако може нека брмчи, кога ќе почнат дождовигте. Така ќе биде и годинава. Ќе ги пренесам реакциите на колегите од единцицата за бездност во сообраќајот“ – кажа Костов.
фото архива ТрМр
Tweet |