Петар Печков
Објавено: четврток, 22 јули 2010
Проценета е штета од 285 илјади денари, додека претходно штетата од инфраструктурата во градот беше проценета на 24 милиони денари.
Комисија за проценка на штети прими 9 пријави при што две отфрли а вкупна штета е 250 илјади денари за градежни објекти со опрема, бела техника и домови.
За штети на земјоделски култури поднесени се 6 барања, пет прифатени со вкупно 2,54 ха лозје при што е проценета штета од 35 илјади денари.
Извештајот е доставен до Влада, Министерство за финансии, Министерство за земјоделие, шумарство, Државен завод за статистика. Натаму Владата со одлука ќе реши со колку пари ќе ги обештети овие лица.
Ланското невреме кое го зафати велешко направи штета од 30 илјади евра а Владата реши да ги обештети со 15 отсто, но парите ни по година дена не се префрлени.
Tweet |