Петар Печков
Објавено: сабота, 31 октомври 2015
Во 15 македонски града, денес напладне започна акцијата ,,Заслужуваме подобро,,. Во Велес таа се одвиваше на Сармаале. Неа ја спроведуваат 200 граѓански активисти од 70-тина граѓански здруженија. Во неа активистите преку разговор со граѓаните ќе зборуваат со нивните секојдневни проблеми.
Ние веруваме во капацитетите на ова општество, во разумот на граѓаните и тргнувајќи од нашите права и потреби бараме обезбедување подобра живејачка и подобри услови. Ние, граѓаните, имаме право гласно и јавно да зборуваме за подобар живот. Со граѓаните ќе зборуваме за осум теми кои ги оценивме дека се приоритетни - изјави Александар Стојковски од иницијатива “Заслужуваме подобро“.
Tweet |