речник контакт

Граѓански дневник на ДОМ за еколошките проблеми во велешко

Преку интернет граѓаните можат да реагираат за еко-проблемите

Петар Печков

ОО  на ДОМ Велес им нуди на граѓаните можност, за помош при решавање на  еколошките проблеми во велешко. За тоа тие формираат „Граѓански Дневник“.   Тоа е  интернет форма преку која сакаат со  помош од граѓаните да ги сумираат, детектираат и актуализираат  сите приоритетни ситуации, состојби, потреби за реакција од надлежните институции и проблеми, како и да ги поддржат сите позитивни предлози и иницијативи со фокус на животната средина, екологијата, антидискриминацијата, туризмот, но не исклучувајќи ги и другите области.

Во ова време на пандемија од Ковид-19 кога е потребно да ги почитуваме мерките на негрупирање, оддржување растојание со цел заштита на здравјето, интернетот ни нуди можност да останеме во контакт. Интернетот  нуди можност да ги доближиме институциите на системот до граѓаните, велат од Општинската организација на ДОМ Велес.
 
За таа цел партијата  формирала - Граѓански Дневник.
Од посочените од страна на граѓаните, теми, проблеми, ситуации и конкретни предлози ќе бидат формирани „пратенички прашања“  кои ќе ги доставиме до  пратениците во републичкото Собрание и поддржувачи за „Зелен Велес“ , Маја Морачанин -претседателка на ДОМ и  Мирослав Богдановски -потпретседател на ДОМ или до Министерството за животна средина и просторно планирање и заменик министерката Христина Оџаклиеска, инспекторатот за животна средина и директорката Ана Петровска; до Агенцијата за туризам и директорот Љупчо Јаневски или преку нив до други надлежни институции или одговорни лица, а граѓаните повратно ќе ги информираме - пишува во писменото соопштение на ОО ДОМ Велес.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »