речник контакт

Граѓански сервис центар во Велес

Без талкање од шалтер до шалтер, без одење од канцеларија до канцеларија и службеници кои ги препраќаат странките по нови документи...

Петар Печков

Без талкање од шалтер до шалтер, без одење од канцеларија до канцеларија и службеници кои ги препраќаат странките по нови документи, така е три месеци во велешкиот Граѓански сервис центар.

Едношалтерскиот систем на задоволство на велешани ги замени нивните маки од администрацијата и тие сега брзо и квалитетно ги добиваат бараните услуги, кои се во надлежност на локалната власт на општина Велес. Граѓаните се задоволни од можноста на едно место да ги добиваат потребните документи.

- За неколку дена, без одење од еден чиновник до друг и потрага по документи, ја завршив работата околу урбанизмот - вели Никола Георгиев, кој си замина со потребната документација под рака.

За овој период откако работи Центарот околу илјада велешани побарале негови услуги. Тие освен од урбанизмот се од комуналната сфера, од  областа на финансиите и слободниот пристап до информациите. Тука може да се добие одобрение за градба, локациски услови, извод од урбанистички план, потоа информации за плаќањето на комуналната такса и данокот на имот.  

Доколку се јават проблеми при решавањето на барањата на граѓаните, тука е застаклената просторија каде доаѓаат раководителите на сектор или одделение, за поголема транспарентност но и превентива против корупцијата. Таа е наменета за разговор и давање на совети, при што се избегнува можноста вработениот  да добие било какво подарок од странката.

- Реализиравме проект преку кој даваме ефикасна и ефективна услуга на граѓаните. Ова е вистински пат за развојот на демократијата бидејќи нема повеќе странката да биде изложена на шиканирање на локалните службеници. Очекувам дека тука ќе можат да даваат услуги кои сега се во државна надлежност, од катастарот, јавните приходи, изводи, лични карти, пасоши, посмртници и венчаници - изјави градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Тој е горд на функционирањето на Граѓанскиот сервис центар и заедно со електронската сала за одвивање на седници на Советот, ги смета за најголем дострел на локалната власт.  

Во рамките на Центарот работи и регионалната канцеларија на Стопанската Комора на Македонија, која дава услуги на десет илјади нејзини членови од Велес, Неготино и Кавадарци. Таа е поврзана со 320  центри во Европа и биснисмените тука можат на наједноставен и најбрз начин да дојдат до бараната информација за нив а која ќе го поттикне и развојот на општината.

Се работи наскоро во неа да се издаваат визи за фирми кои работат со надворешна трговија. Едношалтерскиот систем општина Велес го реализираше со поддршка на американската Агенција за меѓународен развој УСАИД и финансиска помош од 30 илјади долари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »