Петар Печков
Објавено: петок, 03 февруари 2012
Претставата наиде на топол прием кај публиката, особено поради тоа што младите актери беа исклучително успешни во својата задача. Нивната желба беше на сцената колку што може поуспешно да ги доловат ликовите кои требаше да ја испратат авторовата порака.
Салата беше премала за да ги собере сите оние што сакаа да ја проследат нејзината изведба.Симболичните средства кои учениците ги издвоија за влезница ќе бидат наменети за парична помош на оние ученици од Гимназија на кои таа им е неопходна.Со тоа уште еднаш ја покажаа хуманоста и докажаа дека во оваа образовна институција учат и работат хумани луѓе.
Tweet |