Петар Печков
Објавено: недела, 10 април 2011
Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес одржа акција на продажба домашни специјалитети со хуманитарен карактер, како и промотивна трка. Во Младинскиот парк, годинава на скромен број маси четири, беа понудени домашни специјалитети подготвени од вредните раце на велешките мајки и баби. Се истрча и еден круг по улиците Благој Ѓорев и Алексо Демниевски Бауман, со учество на педесетина деца, основци.
Им благодариме на сите присутни кои дојдоа и понудија од дома подготвени специјалитети, како и на тие што тоа го купија. Собраните средства, кои очекуваме годинава да бидат повеќе од лани, ги наменивме за Надица Трајковска, која падна од кровот на зградата и преживеа а средствата се потреби за операција на враќање на видот – изјави Иванка Андова, претседател на здружението за грижа за здраво поколение.
Тие како и минатите години поканиле повеќе граѓански и невладини здруженија, но не знаат зошто имало помал интерес годинава. Меѓу гостите кои не ја пропуштија можноста да купат од понудените производи беше градоначалникот со неговото семејство
Добро е што продолжува традицијата велешани да можат да помогнат на тие што тоа им треба, овој пат на Надица. Се надевам дека во акцијата ќе се вклучат и други – изјави Горан Петров, градоначалник на Велес. Тој купи од сите поставени штандови а посебно впечаток му оставило слаткото до бели цреши, кое одамна го немало како понуда на пазарите.
Tweet |