речник контакт

Грип нема, има бронхит

Во Велес изминатата недела зголемен бројот на деца заболени од бронхит

Петар Печков


Според евиденцијата на Заводот за здраствена заштита од Велес, изминатата недела споредено со претходната, е зголемен бројот на заболени деца со долно респираторни инфекции на дишните патишта, и тоа од 140 на 230 деца. Кај овие деца бил дијагностициран бронхит со компликации кој потешко се лекува.

Како што информира Билјана Трајкова, епидемиолог од Заводот за здраствена заштита се работи главно за деца од претшколска и школска возраст. Таа посочува дека голем дел од овие деца се испратени на болничкото лекување во Детското одделение при велешката Градска болница.

Во изминатите седум дена биле регистрирани 920 заболени со горно респираторни инфекции, а во првите десетина дена од новата година во Велес и Велешко се регистрирани и 128 лица, возрасни и деца заболени од сезонски грип.

Трајкова потенцира дека состојбата не е алармантна и е вообичаена за овој период од годината. Споредено со минатата година повеќепати е помал бројот на заболени

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »