Петар Печков
Објавено: петок, 13 март 2020
Првата седмица на месец март во велешко биел заболени 354 лица од сезонски грип, информираше д-р Бојан Тодоровски од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес.
Најбројна заболена популација е од 15 до 64 години со 129 лица, па деца од училишна возраст од 5 до 14 со 113, кај децата од претшколска возраст има 92 зболени додека највозрасната група 65+ има само 20 заболени од сезонски грип.
За потсетување дека во последната седмица од февруари имаше најголем број забележани случаи на сезонски грип со 817 заболени,а во првите два месеци од годинава имаше регистрирано вкупни 2.177 лица.
Tweet |