Петар Печков
Објавено: среда, 01 февруари 2017
Последната седмица од јануари грипот и овчите сипаници во велешко се осетно намалени. Нивната бројка е драстично помала споредбено со последната седмица од декември.
Според Центарот за Јавно здравје Велес претходните седум дена матичните доктори во Велес регистрирале 17 случаи на грип и 10 случаи на овчи сипаници, наспроти 58-те грипозни и 26 заболени од овчи сипаници за три седмици.
Кај надлежните имаше стравување дали со почетокот на учебната година и враќањето на учениците во училишните клупи, ќе се вратат овие заразни заболувања грипот и овчата сипаници. Бројките покажуваат дека засега нема нивно повторно враќање.
Tweet |