Петар Печков
Објавено: недела, 04 октомври 2009
Во пријателски контролен натпревар, екипата на ЕОС од Солун со 3:1 ги победи велешките одбојкарки на Форшпед. Стотина гледачи во спортската сала на ОУ Блаже Конески, видоа интресен и возбудлив натпревар, во кој гостинките беа за нијанса подобри и се радуваа по завршувањето на средбата. Екипата на ЕОС е член на А-2 лигата за велешанки се во единствената женска лига во одбојка во земајва. Тие од годинава имаат нов спонзор Форшпед, грчка фирма која се бави со шпедиција во Македонија.
Гостите од Грција беа задоволни од престојот во Велес, победата и играта на нивните одбојкарки и најавија дека тие ќе им возвратат на велешанки со прием како нивни домаќини во Солун.
Гостите од Грција беа задоволни од престојот во Велес, победата и играта на нивните одбојкарки и најавија дека тие ќе им возвратат на велешанки со прием како нивни домаќини во Солун.
Tweet |