речник контакт

Груевски - изборите не се добиваат со 20 дена зборување, туку со дела

Лидерот нa ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски побара масовно излегување в недела заради добивање на 62 пратеника и нов претседателски мандат за Иванов

Петар Печков

Од завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ одржан вечерва во Велес, нејзиниот лидер Никола Груевски побара масовно излегување в недела заради добивање на 62 пратеника и нов  претседателски мандат за Иванов.

Ние работиме за сите и затоа в недела придружете се на тимот кој победува. Испратете порака кон сите кои имаат нечесни планови за нашата држава. Избори и доверба не се добиваат во 20 дена, туку со континуирано постојано работење, со дела, со решавање на проблеми, со реформи, држење до збор, помагање на народот, исполнување на ветеното. Народот не ги цени  политичарите  по овие 20 дена, што зборуваат, што ќе ветат и како се однесуваат. За овие седум и пол  години направивме многу а најмногу од се ја решававме невработеноста во земјата.

Имаме 120 илјади нови работни места. Во наредните години најавуваме отворање на нови 64 илјади работни места. Нашите дела никој не може да ги избрише.  Нашиот политички конкурент се обиде да ни парира во првиот круг со позитивна кампања, но резултатите покажаа дека не може со нас да се натпреварува со добри идеи, кога загуби со 120 илјади гласови.

Во вториот круг се втурна со крајно негативна кампања со клевети, навреди, фалсификати, монтажи, измислици. Тоа е рецепт за уште поголем пораз на 27 април. Гласачите почитуваат искрен однос, тие ме следат уште од  Министерството за трговија, па Министерството за финансии, ме следеше како  опозиција како пратеник и во искушенија и тешки денови. Ме следи како премиер. Но ги следи и нив од времето  на транзицијата и приватизацијата и од времето на октоподи и кога ветија  по еден вработен од семејство кога ништо не исполнија . народот не следи и нив и нас.

Сега подготвуваат  ново сценарио како  лидерот Заев да спречи     нов пораз и негово заминување од позицијата. Планираат во недела н денот на изборите да испровоцираат некакви проблеми и инциденти  па да достават стотици претставки до ДИК а потоа во попладневните часови да ги повлечат нивните претставници од избирачките одбори и да не ги признаат изборите. Сите ние  политичарите сме менливи, но државата е таа која треба да ја сочуваме – рече  Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Велес.  

 Тој најави доколку ја добијат повторно довербата една од работите која ќе ја работатат во Велес е ремедијацијата на почвата со зоолит.   Кандидатот за претседател Ѓорге Иванов   побара нов мандат.

 

Изминати 5 години бев вашиот глас, го говорев  тоа што вие ми го зборувавте. Затоа граѓаните на 13 април ми ја дадоа така силна доверба.   Зад секој кажан збор тука и во странство, стојат интересите на сите граѓани  Македонија. Нема да дозволам  да се зборува за нас, без нас. Нема да дозволам да се одлучува за нас без  нас.  Ги спречив намерите преку грбот на Македонија да се поткусуруваат интересите на Балканските држава  а цената да ја плаќа Македонија – рече кандидатот за претседател Ѓорге Иванов.

Лидерот на Сојузот на Ромите Амди бајрам најави дека на овие избори опозицијата ќе биде нокаутирана.

 Ако на Црвенковски му дадов  гол  со пета, сега на овие избори СДСМ ќе биде нокаутирана според резултатите. Толку силен резултат ќе имаме  – рече Бајрам.

                                    платен политички простор

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »